ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ | Невроменаџмент на човечки ресурси: нова парадигма во работењето со и за луѓето
Замислете оддел за човечки ресурси кој регрутира, обучува, наградува, развива и мотивира вработени врз основа на тоа како, всушност, функционира нивниот мозок. Тоа е постулатот на невроменаџментот на човечки ресурси – област во развој каде што менаџментот со и за луѓето се среќава со невронауката. Карактеристично за овој пристап е тоа што доказите за тоа како учат нашите мозоци, процесираат награди и реагираат на стрес се користат за дизајнирање подобри практики за човечки ресурси. Всушност, академската заедница ќе каже дека невроменаџментот на човечки ресурси е нова област која користи медицински технологии како што е функционална магнетна резонанца, електроенцефалограм (ЕЕГ), следење на поглед и слично за да ги проучи реакциите на мозокот со цел подобрување на искуството на вработените. Со други зборови, невроменаџментот на човечки ресурси ги претвора сознанијата од невронауката во стратегии за регрутирање, за развој и за мотивирање на вработените.
На глобално ниво, прогресивните компании веќе експериментираат со примена на вакви пристапи. А прашање на време е кога македонските компании ќе започнат активно да го забележуваат овој тренд. Имајќи предвид дека бизнисот се соочува со недостиг на таленти и со силна конкуренција за квалификувани работници, пристапот за човечки ресурси базиран на невронаука може да помогне компаниите да се издвојат пред останатите. Со разбирање на тоа што го движи човековото однесување на невролошко ниво, лидерите можат да донесуваат попаметни одлуки за работните места, за системите за повратни информации и за културата на работното место за да ги зголемат перформансите и задоволството.
Повеќе тука

