Македонија

Шилегов на прошетка низ водно заедно со децата на улица

Шилегов на прошетка - Работник
140views

Во пресрет на Новогодишните празници децата од Дневниот центар за деца на улица од Шуто Оризари денеска го посетија Планинарскиот дом на Водно. Со нив беше и градоначалникот Шилегов кој им подели новогодишни пакетчиња со желба за многу среќа и здравје во новата 2020 година.

За децата беше организиран и едукативен дел – членови на планинарскиот клуб ПСК „Бистра“ пред нив зборуваа за планинарењето и за неговото значење за здравјето, а спасителите од Спасителната станица на Црвениот крст на Водно зборуваа за безбедноста при движењето на планина, за заштита од повреди и за укажувањето прва помош во случај на незгоди при планинарење.