ПравдаСветот на работникот

Шпанија планира да ги врати работниците на работа и покрај опасноста од ширењето на корона вируост

Шпанија планира - Работник
77views

Шпанската влада ја одбрани одлуката за дозволување на некои од несесенцијалните работници да се вратат на нивните работни места во фабриките и градилиштата следната недела и покрај предупредувањата дека секое нарушување на мерките може да доведе до растење на заразата.

Светската здравствена организација рекла дека може да има смртни последици од корона вирусот доколку мерките се отстранат предвреме, додека еден експерт од Шпанската влада рекол дека негово мислење е дека е паметно да се задржат неесенцијалните работници дома уште некое време.

Зборувајќи во саботата на пладне, министерот за здравство на Шпанија, Славадор Ила рекол дека државата останува во строг карантин, додавајќи дека на луѓето им е дозволено само да одат на работа, да пазарат и да купат лекови.

„Сеуште имаме силни рестриктивни мерки“, додал тој.

Ила рекол дека забраната за неесенцијалните работници за патување до нивните работни места е привремена мерка, наменета да го намали притисокот врз здравствениот систем во Шпанија.

Министерот инситирал дека сите одлуки биле „преземени врз основа на консензус“ и дека Владата  ги следи препораките на експерите.

Ила рекол и дека сегашниот карантин може да биде продолжен уште за неколку недели.

Шпанската влада ги советувала луѓето кои не можат да работат од дома, да држат физичка дистанца, еден од друг.