Шпанска компанија воведе четиридневна работна недела
Шпанската комопанија „Софтвер Делсол“ ја воведе во пракса идејата за четиридневна работна недела.
За да го направи тоа возможно таа вработи уште 25 работници, со што вкупно со веќе вработени сега има 181 работник. Компанијата ги намали и работните часови, од 40 на 36 во текот на зимските месеци, а во текот на летните на 28 работни часови.
Оваа идеја која што прв ја воведе Мајкрософт во Јапонија, според нив резултирала со зголемување на платите за 40 отсто.
Вработените исто така уживаат во бесплатниот ручек што го обезбедува компанијата, која истовремено нуди стипендии, здравствено осигурување и опцијата за работење од дома, наведува весникот „Ел пас“.
Поголемиот дел вработени веќе работат од понеделник до четврток, или од вторник до петок, обезбедувајќи техничка поддршка за над 53.000 клиенти во Шпанија и во Јужна Америка, од кои најголем дел се мали и средни компании.