МакедонијаПравдаСветот на работникот

Штипската полиција изврши контрола на 35 автобуси, кои превезуваат работници

213views

Полициски службеници од СВР-Штип денеска на терен извршиле контрола на 35 автобуси, кои превезуваат работници до штипските фабрики. Контролите покажале дека транспортерите ги почитувале здравствените протоколи за заштита од коронавирусот.

Надлежните од СВР-Штип најавија дека вакви контроли на транспортерите ќе има и наредниот период, а доаѓаат по зголемување на бројот на заразени од Ковид 19, а особено во штипските фабрики.

Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец“ – Штип денеска на фејсбук објави фотографии на кои се гледа, како полициските службеници вршат контрола на транспортерите. 

“Се фатија за работа, аферим, денеска контрола на превозот со автобуси. Ова е првпат да видам контрола од полиција врз автобусите”, пишува Ампева на својот фејсбук профил.