Што да направи работодавачот кога има потреба од работник?
Што да направи работодавачот кога има потреба од работник?
Работодавачот потребата од работник може да ја задоволи со посредување на Агенцијата преку доставување пријава за потреба од работник до Агенцијата.
Агенцијата е должна доставената пријава веднаш и бесплатно да ја огласи во Агенцијата заради информирање на невработените и други лица кои бараат работа. Работодавачот е должен во пријавата да ги наведе работното место, условите што се бараат за работното место, времето на траење на огласот и времето кога работодавачот ќе врши избор. Заинтересираните невработени и други лица кои бараат работа на објавениот оглас во Агенцијата се пријавуваат кај работодавачот во рокот утврден во огласот.
Работодавачот потребата од работник може да ја задоволи и со објавување јавен оглас во дневниот печат. Трошоците за објавување на јавниот оглас во дневниот печат се на товар на работодавачот.
Тимот на Јуридика

