ШТО Е КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР?
ШТО Е КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР?
Колективен договор претставува писмен договор меѓу работниците, организирани во форма на синдикат, и еден или повеќе работодавачи, со којшто се регулираат различни прашања околу работните односи. Овој договор има правна сила, односно претставува извор на права.
Постојат повеќе вида на колективни договори: Колективен договор кој се склучува како општ на ниво на Република, посебен на ниво на гранка односно оддел, согласно со Националната класификација на дејности и поединечен на ниво на работодавач.
Општ колективен договор на ниво на Република Македонија се склучува: 1) општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството и 2) општ колективен договор за јавниот сектор.
Општиот колективен договор за јавниот сектор се однесува на органите на државната власт и други државни органи, органите на единиците на локалната самоуправа, установите, јавните претпријатија, заводите, агенциите, фондовите и други правни лица кои вршат дејност од јавен интерес.
Во поглед на примената на колективните договори, треба да се знае дека општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството се применува непосредно и е задолжителен за работодавачите и вработените во приватниот сектор. Општиот колективен договор за јавниот сектор се применува непосредно и е задолжителен за работодавач и вработените во јавниот сектор. Додека пак колективниот договор на ниво на гранка односно оддел, согласно со Националната класификација на дејности се применува непосредно и е задолжителен за работодавачите кои се членови на здружението на работодавачите потписници на колективниот договор или кои дополнително му пристапиле на здружението.
Колективниот договор задолжително се склучува во писмена форма. Општиот колективен договор задолжително се објавува и во Службен весник на Република Македонија. Колективниот договор ги обврзува сите лица кои го склучиле и сите лица кои во времето на склучувањето на колективниот договор биле или дополнително станале членови на здруженијата кои го склучиле колективниот договор. Колективниот договор ги обврзува и сите лица кои му пристапиле на колективниот договор и сите лица кои дополнително станале членови на здруженијата кои пристапиле на колективниот договор. Особено важно е да се напомене дека поединечниот колективен договор ги обврзува односно важи и за работниците кај работодавачот кои не се членови на синдикат или на синдикатот – потписник на колективниот договор.
ШТО Е КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР?
Колективен договор претставува писмен договор меѓу работниците, организирани во форма на…
Posted by Juridica on Wednesday, January 27, 2021

