НовостиСветот на работникот

ШТО ЗА ВАС Е УСПЕХ? Еве како да одговорите на ова прашање на разговор за работа: Во ова е финатата

   Време за читање 15 минути

Што е за вас успех и како го дефинирате успехот може на работодавачите да им даде увид во она што го цените. Како да го дефинирате успехот? Како за вас изгледа успехот? Дали е назив на занимање? Работно место? Во продолжение ќе најдете одговори на прашањата и примери кои ќе ви бидат од помош при давањето најдобар одговор.

Еве ги прашањата на кои ќе дадеме одговор:

  • Што за вас значи успехот?
  • Зошто работодавачите го поставуваат ова прашање?
  • Како да се подготвите за ова прашање?
  • Кои се вообичаените грешки кои луѓето ги прават кога одговараат на ова прашање?
  • Како да одговорите на прашањето: „Што е успех за вас?
  • Примери на одговори на прашањето: „Што е успех за вас?

Едно од тие прашања би можело да биде и „Како го дефинирате успехот?“. Без оглед на тоа како ви е поставено, ова отворено прашање може да ги препоти дури и оние кои најдобро се имаат подготвено за разговорот за работа. Треба ли да бидете искрени дека сѐ се врти околу парите и славата? Дали е ова трик прашање со „точен“ одговор?

Што е за вас успех?

Ако никогаш не сте размислувале за тоа што значи успех за вас, ќе биде прилично предизвикувачки да одговорите на ова прашање. За некои успехот претставува пари. За други успехот значи среќа. И додека вашата лична дефиниција за успехот ќе варира, начините за преобликување на ова прашање ќе зависат од проектот, задачите и друго.

Со цел да го одредите своето лично значење на успехот, размислете за посакуваните резултати во контекст на работата. Еве неколку примери:

  • Чувство на исполнетост
  • Работење на работа која има смисла
  • Имање цел
  • Да бидеш ценет
  • Добивање признание за својот придонес
  • Континуирано растење
  • Остварување влијание во работата, во вашата заедница или вашиот тим
  • Одржување добро здравје
  • Постигнување финансиска стабилност
  • Рамнотежа помеѓу работниот и приватниот живот

Зошто работодавачите го поставуваат прашањето „Што е за вас успех?“

Начините на кој го дефинирате успехот на разговорот за работа на работодавачот може многу да му каже за вашите вредности и работната етика, вашата личност и за тоа како би било да се работи со вас. Ќе дознае работи како што е она што ве движи да ја сработите одлично работата и што ве мотивира. Втората причина поради која би можеле да го постават ова прашање е поради тоа што сакаат да работат со некој кој дели слична визија или вредности како нивните.

Ваквиот тип на отворени прашања покрива различни подрачја од интервјуто, особено кога ќе размислите дали ви одговара културата на компанијата. Тоа значи дека ваш приоритет би требало да биде да илустрирате дека сте тип на вработен кој поставува и исполнува цели.

Замислете го тоа на овој начин. Ако го оттргнете личниот дел од ова прашање, успехот значи нешто што излегува добро – а тоа е она што работодавачот навистина го бара. Сакаат да знаат дали можете да ги работите нештата кои излегуваат добри. Ако тоа можете да го споделите, ќе се истакнете.

Како да се подготвите за одговорот на прашањето „Што за вас успех?“

Тешко е да смислите своја лична дефиниција за успех, бидејќи е лична и веројатно се менува во секоја животна фаза. Не постои едноставен одговор за тоа како изгледа една успешна личност, а вашата идеја за успех ќе биде единствена за вас.

Сѐ тоа е сосема нормално, но за потребата на разговорот, ќе го стесни опсегот на вашето размислување на ова прашање.

За полесно да се подготвите, направете подетална листа на своите скорешни достигнувања или моменти кога сте го завршиле она што сте го наумиле. Размислете кон што тежнеете, пресвртниците и времето кога сте имале позитивно влијание на животите на луѓето.

Еве неколку примери:

  • Дали ја имате достигнато продажната квота?
  • Дали сте покренале нова група за ресурси за вработените откако тоа било со месеци цел на компанијата?
  • Дали неодамна започнавте да кажувате „не“ на клиентите, што ви овозможило да се фокусирате на лансирање на нов производ за својата компанија?
  • Дали имате испробано нешто ново на работа и кога не одело, дали сте научиле нешто ново за иднината?

Земете си малку време за да размислите за своите неодамнешни успеси на работа.

Вообичаени грешки кои кандидатите ги прават кога одговараат на ова прашање

Во продолжение е листа  на тоа што треба и што не треба да се каже – особено кога станува збор за совети за разговор за работа. Имено, еднакво корисно може да биде што НЕ би требало да кажете, како и она што би требало да го кажете.

Еве неколку вообичаени грешки кои треба да се избегнуваат кога одговарате на прашањето што за вас значи успех на разговор на работа:

  • Немојте да споделувате премногу лични податоци за своето семејство или за себе
  • Немојте да ги споделувате своите политички или верски убедувања
  • Не заборавајте контекстот на вашето интервју секогаш да биде професионален
  • Немојте да користите туѓа дефиниција за успехот
  • Не заборавајте да му дадете хумана димензија на вашиот одговор – никој не сака да вработи совршена личност или робот!

Како да одговорите на прашањето: „Што е за вас успех?“

Успехот е незгоден. И како што веќе споменавме, дефинирањето на успехот е лично, а сепак стануваме толку опседнати со успесите на другите, што забораваме што значи успехот за нас – како поединци и како вработени.

Во прилог следува метода во три чекори за дефинирање и комуницирање за тоа како изгледа успехот за вас.

Проценете ги своите досегашни успеси

Кога се подготвувате за разговор за работа, би требало да направите листа на своите минати успеси (и неуспеси), своите најголеми стравови (и слабости) и долгорочните цели кои ги имате на ум. Добрите вести? Многу од овие сознанија можете да ги примените за да одговорите на ова прашање.

Пред да одредите како би можел да изгледа вашиот иден успех, сетете се на минатото. Како изгледале вашите минати победи и успеси? Дали сте ги совладале големите предизвици за да ги исполните? Дали во тој процес научивте нови работи за себе?

Земајќи ги предвид своите успеси, можете да го илустрирате патот до иднината на успехот кога разговарате со потенцијалниот работодавач.

Пример: За мене успехот е учење и раст. На моето последно работно место како (РАБОТА) добив многу амбициозен проект кој го прифатив иако бараше многу учење. Тоа ми овозможи да учам и растам во тандем со довршувањето на (ПРОЕКТОТ) и постигнување на (РЕЗУЛТАТИТЕ). За мене успех се стекнувањето на вештини и можностите за учење.

Специфични примери и достигнувања за листата:

  • Сте организирале распоред или логистика за извршниот тим
  • Сте комуницирале или сте соработувале со други
  • Сте реорганизирале нешто за работите да функционираат подобро
  • Сте вклучиле нови членови на тимот
  • Сте ги научиле на нешто ново новите вработени
  • Сте идентификувале проблем и сте го решиле
  • Сте дошле до нова идеја која ги подобрила работите
  • Сте развиле или имплементирале нови процедури или системи
  • Сте работеле на посебни проекти
  • Сте ја подобриле оперативната ефикасност
  • Сте примиле награди
  • Ве пофалиле надредените или соработниците
  • Сте ги зголемиле приходот или продажбата на компанијата
  • Сте го зголемиле бројот на нови купувачи
  • Сте го задржале или сте го зголемиле бројот на постојани клиенти
  • Сте воспоставиле нови партнерства
  • Сте започнале нови маркетиншки инцијативи
  • Сте го одржале маркетиншкиот ROI и потрошувачката на огласи
  • Сте заштедиле пари на компанијата
  • Сте управувале со пресметките на компанијата
  • Сте помогнале на компанијата да остане во рамките на маргините на трошоци
  • Сте направиле финансиски извештај за компанијата
  • Се заштедиле време на компанијата
  • Се придонеле кон добра корисничка служба

Одредете како изгледа вашиот поглед на успехот

Кога работодавачот ќе ви го постави прашањето „Што е за вас успех?“ бара бројни елементи во вашиот одговор, но еден особено: како се вклопувате во компанијата.

Ако целите ви се високи и планирате да ги срушите сите кои ќе ви се најдат на патот, причекајте малку.

Пред да одговорите на ова прашање, проверете дали вашите цели се усогласени со изјавата за мисијата на компанијата, нејзината култура, луѓето и темелните вредности.

Ако нивните темелни вредности се соработка, менторство и заедница, погрижете се вашиот одговор да ги вклучува тие вредности. Ако темелните вредности се приход, вашиот одговор би требало да биде малку поинаков.

Искористете ги своите вештини за да ги дознаете мисијата и вредностите на компанијата. Обратете внимание на фразите кои ги користат во своите маркетиншки материјали. Обратете особено внимание на описот на работата кој ви е на располагање.

Пример:

„Знам дека (компанијата) става особен акцент на (ВРЕДНОСТИТЕ). За мене успех е тоа што можам да соработувам со тим на стручњаци на создавање решенија, со задржување на овие темелни вредности кои ми се важни.“

Дефинирајте како за вас изгледа успешна кариера

Ова е сржта на одговорот. И тука добивате шанса да споделите како изгледа за вас успехот.

Затворете ги очите и размислете за сопствената дефиниција на успех. Како изгледа успехот за три месеци? А како за десет години?

Земете ги своите искуства, размислете за организацијата и споите ги работите заедно. Успехот може да биде широк како, на пр. дефинирање и постигнување цели на работното место. Тоа може да биде излегувањето од вашата комфор зона поради бавење со нешто ново или работа со други лица. Успехот може да значи пробивање до водечките позиции или непрекината работа со голем тим на постигнување на одредена цел.

Ако сте навистина храбри, успехот би можеле да го опишете како учење и раст од минатите неуспеси.

Пример:

„Успехот го дефинирам како она што се случува кога ќе ги комбинирам (ВРЕДНОСТИТЕ на компанијата) и одлучноста да ја постигнам целта. Чувствувам дека проектот е успешен кога гледам раст на своите вештини и способности. Во компанијата за прв успех би го сметал тоа што се вработив. Оттаму би го изградил својот успех со својата отвореност за учење и можноста за соработка со големите умови тука.“

БОНУС: Запомнете дека успехот е процес

Голема грешка за која сме сите виновни е што сметаме дека успехот е една работа. Проблемот со тоа е што успехот не е статична работа. Успехот – и визијата за успех – можат да се променат и претворат во нешто друго.

Повторете ја оваа мантра: „Успехот не е една работа. Успехот е процес.“

Примери на одговори на прашањето: „Што е успехот за вас?“

Општ пример:

„За мене успехот е дефиниран на различни начини. На работа настојувам да поставувам предизвикувачи цели со својот тим и да создавам реални стратегии за нивно постигнување. Споменатото ми значи многу и лично и професионално. Знам од некои свои разговори со продажниот тим дека оваа година морате да исполните големи квоти. Исто така, сфатив дека тие големи квоти се потпираат на заедничка работа на целиот тим, нешто што би сакал и што поддржувам.“

Еве неколку примери на одговори за поединечни улоги:

Ако сте независен соработник…

„За мене успех е тоа што можам да се фокусирам на неколку работи и да ги работам одлично. На пример, во текот на Ковид -19 мојата компанија изгуби неколку големи клиенти, па моравме да работиме брзо за да обезбедиме нови клиенти или да им понудиме повеќе на клиентите кои ги задржавме. Со тимот изградивме нови начини кои им овозможија виртуелна работа со нашиот изворен софтвер. Не само што ги задржавме нашите преостанати клиенти, туку успеавме да ги вратиме сите клиенти кои ги изгубивме во 2020 и 2021. Наместо инвестирање во маркетинг и продажба, инвестиравме во развој на производите и тоа се покажа како одлично.“

Ако сте почетник…

„За мене успехот се состои од учење нешто ново. Во оваа рана фаза од мојата кариера ја ценам секоја прилика низ која би научил нешто ново и би развил нови вештини. На моето моментално работно место како почетник – новинар, тоа значи претставување на нови приказни и волонтирање за да им помогнам на постарите новинари со нивните приказни. Преку волонтирање и отвореност за преземање на разни задачи, го проширив пишувањето на статии на теми за финансии и здравје. Секогаш кога статијата во која помогнав стануваше вирална, се чувствував успешен.“

Ако сте лидер…

„Како лидер, успехот го дефинирам преку здравјето на мојот тим. Не можеме да ги постигнеме целите ако прво не се погрижиме за нашите тимови. Во својата моментална улога имплементирав подобрување на културата на компанијата која придонесе задржување на вработените за 10 %. Освен тоа, нашата последна анкета меѓу вработените покажа дека поголемиот дел од нив чувствуваат поддршка од страна на вишите раководители. Вработените кои имаат поддршка се повеќе ангажирани и остануваат подолго во компанијата. Тоа е за мене успех.

Извор: Zaposlena.hr  

Бобан М. Илијевски

Новинар за работни односи, човечки ресурси и кариера