Штрајк во Самсунг (ФОТО)
Синдикалните работници во Самсунг Електроникс Ко. вчера влегле во тридневен генерален штрајк откако преговорите со менаџментот на компанијата пропаднале, пренел AFP.
„Штрајкот започнува од денес“, рекол вчера во изјава за новинската агенција Сон Ву-мок, шеф на Националната унија на Самсунг Електроникс (НСЕУ).

НСЕУ, кој има околу 28,000 членови, организирал еднодневен прекин на работата во јуни, што е прва таква синдикална акција во компанијата.
Менаџментот на фирмата е заглавен во преговори околу платите и бенефициите со синдикатот од јануари, но двете страни не успеале да постигнат договор, пренесува Телетрејдер.
„Овој штрајк не се однесува само на подобрување на условите за работа, туку и на враќањето на нашите права кои досега се игнорирани“, се наведува во апелот на синдикатот упатен кон членовите минатата недела.
Извор: b92.net
Фото: EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA OUT
- Синдикатот за образование на БиХ со писмо со сочуство за трагедијата во Кочани до СОНК - 18/03/2025
- „Audi“ ќе укине 7.500 работни места во Германија - 18/03/2025
- Невидена измама! Менаџер за човечки ресурси измислувал работници – успеал да проневери повеќе од 2 милиони евра: Еве како е откриен - 18/03/2025