Ја намалиле работната недела, задржувајќи ги платите исти
Шпанските министри се согласија да ја намалат работната недела од сегашните 40 на 37,5 часа без промена на платите, објави RTVE.
За време на состанокот во неделата, шпанскиот кабинет го одобрил намалувањето, од сегашните 40 часа, во извршниот декрет напишан од министерката за труд Јоланда Дијаз, која ја предводи левичарската партија Сумар.
„Овој предлог е за да се живее подобро, да се работи помалку и да се биде многу попродуктивен и економски поефикасен“, изјави Дијаз за шпанските медиуми.
Мерката допрва треба да биде одобрена од парламентот, каде што владата на левиот центар предводена од премиерот Педро Санчез нема јасно мнозинство и зависи од балансирањето на барањата на неколкуте помали партии за усвојување на законот, пишуваат медиумите.
Каталонската централно-десничарска сепаратистичка партија Жунц веќе сигнализираше отпор на предлогот, додека главното лоби на работодавачите, CEOE, рече дека тоа ќе ги зголеми трошоците за шпанските фирми и ќе ги направи помалку конкурентни.
Преговорите меѓу Дијаз и синдикатот со CEOE пропаднаа во ноември, откако лоби групата инсистираше на тоа дека пократката недела не треба да се наметнува со закон, туку преку колективно договарање за да одговара на потребите на секоја компанија.
Дијаз се судри и со шпанскиот министер за економија Карлос Куерпа, кого таа го обвини дека „се договарал со работодавците“ откако тој предложил одложување на промената за една година за да им даде време на малите бизниси да се прилагодат.
Централната банка на Шпанија и еден поранешен министер за економија предупредија дека повисоките трошоци за работна сила би можеле да ја поттикнат инфлацијата и да го запрат создавањето работни места.
Фото: EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni
- Неделков: Некои работи не се забораваат така брзо и лесно! - 17/04/2025
- ЛЕГЕНДАТА НА ГЕРМАНСКАТА АВТОИНДУСТРИЈА ОДИ ВО БАНКРОТ: Ги затвараат сите филијали по 92 години работа - 17/04/2025
- КРИМИНАЛНА ШЕМА ВО ХРВАТСКА: Над 100 странци вработени со фалсификувани документи, меѓу нив и Македонци - 17/04/2025