МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Јовевски: Зошто министерот на состанок не ги повика сите синдикати?

   Време за читање 3 минути
Синдикатите во заштита на интересите на работниците?!
Неодамнешните најави за нови рестрикции за невакцинираните лица кои се планира да се прошират на работните места ги раздвижија синдикатите, што особено го ценам, зашто тие навистина треба да се во одбрана на интересите на работниците. Во прв момент соопштенијата и барањата на сите синдикални организации, здруженија на работници беа речиси на иста линија, но на крај видовме дека министерот, се сретна само со двајца синдикалци. Зошто немаше средба со претставниците на сите синдикални организации, како и со оние на гранските синдикати, меѓу кои и двата грански кои ја покриваат администрацијата? Па не се работи само за приватниот сектор, тука е и јавната администрација! Дали да се сомневаме дека овие синдикални претставници не беа повикани зашто не даваат поддршка на предложените мерки како двајцата со кои се сретна министерот, па најдоа начин да ги неутрализираат? Продолжуваат ли синдикатите со старата пракса да се борат помеѓу себе, наместо да се борат за остварување и заштита на правата на работниците??!
Тенденцијата на губење доверба од страна на работниците и намалувањето на членството на синдикатите е резултат делумно и на ваквите постапки! Кој работник после ова би бил охрабрен да пристапи во синдикат кој не се бори за заштита на неговите права и интереси?
Од досега побараното од синдикатите кои сепак се сретнаа на разговор со министерот, се согласувам дека трошокот за тестирање е преголем да се стави на товар на нашите (за жал осиромашени) работници, дека порационално би било да се овозможи употреба на брзите тестови кои се значително поевтини, а се користат во повеќето европски држави, да им се остави доволно време и можност на луѓето самите без притисок да одлучат дали и кога би се вакцинирале, да им се овозможи работа од дома на оние кои не сакаат ниту да се вакцинираат, ниту да се тестираат- за работни места кои дозволуваат работа од дома, да се продолжи рокот на траење на ковид сертификатите за прележани на најмалку 9 месеци согласно светските истражувања според кои се препорачува од 6 да се зголеми периодот на важење на 9 месеци, што голем број земји го направија, некои ги продолжија и на 12 месеци, да се земе предвид бројот на антитела и тоа да биде исто така еден од критериумите…
Исто така се согласувам и со бизнис секторот, зошто да имаат трошок за тестирање фирмите, особено кога никој нив не ги прашува, а целиот товар на кризата го носaт и тие зааедно со работниците!
Но не се согласувам зошто не се издржува во одбраната на примарното право на избор на човекот согласно фундаменталните човекови права и слободи- дали ќе се вакцинира или не? Зошто министерот не ги повика на состанок сите синдикални лидери, лидерите на соодветните грански синдикати, да разговараат и преговараат за суштината на мерките? До кога ќе се замолчуваат работниците, но и работодавачите и ќе се промовира полтронски систем наместо реален социјален дијалог???
Проф. д-р Лазар Јовевски