Јовевски: Кај многу компании исплатата на минимална плата ќе предизвика потрес

Професорот по трудово право, Лазар Јовевски, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат рече дека иако во некои компании најниската плата којашто ја примаат вработените е повисока од минималната, има претпријатија во кои исплатата на минималните плати предизвикува предизвик за работодавачите.

„Има огромен број на работодавачи кај коишто минималната плата ќе предизвика потрес, особено оние мали и средни, затоа што во Македонија 96% од стопанските субјекти се микро и средни компании“, вели Јовевски.