- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

Јовевски: Потребен е Закон за работни односи по „Македонска мера“

Лекција за работниците и работодавачите- Работник
284views
НОВ ЗАКОН ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
Се подготвува нов Закон за работните односи. Многу е важно новиот закон да ги одразува актуелните и идните потреби на македонската економија, пазарот на труд како и поттребите на „новиот“ тип на работни места. Особено важно е унапредување и почитување на правата на вработените. Затоа социјалните партнери мора сериозно и посветено да работат на новите законски решенија без притоа да се гледа еднострано и низ призмата на моменталните интереси. Дали ќе успееме во тоа да се направи нов квалитет закон останува да видиме и да се провери низ најдобриот тестатор, а тоа е времето.
Јас сум дел од работната група која учествува во изготвување на новиот закон како претставник на Конфедерацијата на слободни синдикати – КСС. Процесот на социјален дијалог многу често е сложен и бара спремност за компромис, но пред се споделување на ЗАЕДНИЧКА ВИЗИЈА која треба да цели кон создавање на нов закон кој што ќе биде по „МАКЕДОНСКА МЕРА“ и за македонски потреби.
проф. д-р Лазар Јовевски
 

НОВ ЗАКОН ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

Advertisement

Advertisement