Колумни

Ќе има ли бран на отпуштени работници?

Многумина работници - Работник
491views

Вработените во текстилната индустрија постои голем ризик да се соочат со отпуштања. Текстилниот кластер истакна дека можно е 50 % од вработените да бида отпуштени, поради тоа што нема нови нарачки од брендовите. Од друга страна пак од Организацијата на работодавачи на Македонија велат дека 5 до 7 илјади текстилни работници можат да остант без работа доколку државата не обезбеди помош за фабриките.

Податоците на Агенцијата велат дека од јуни до сега, 430 компании испратиле барања за отпуштање на 789 работници поради деловни причини, односно технолошки вишок. Така, само за 9 денови од септември 55 компании испратиле најави за отпуштање на 78 работници. Во август пак имало 132 компании кои планирале да отпуштат 191 работник. Овие податоците покажуваат дека функционалноста на помошта која досега ја има дадено државата, не функционира во целост, а поентата на економската помош е ниту еден работник да не биде отпуштен од работа. 

Четвртиот пакет на мерки за помош на стопанството и работниците не е сеуште донесен. Познато е дека и претходните три пакети кои ги носеше техничката Влада наидоа на остри реакции од страна на бизнис секторот, така да овој пакет на мерки мора да биде транспарентен и да ги опфати сите оние сектори коишто се на удар од пандемијата од коронавирусот.

Сепак, останува големиот прашалник за тоа дали некои од компаниите повторно би ја злоупотребиле помошта од државата. Затоа, неопходно е Владата да изнајде механизми преку кои нема да дозволи да се злоупотребува државната помош или пак средствата да завршат директно на сметките на работниците, а со тоа работодавачот да нема допирна точка со нив. Јас верувам дека постојат и чесни работодавачи, чиј приоритет се работнциите, но тие се во мал број. Знаете, секогаш кога ќе војувале поголема и помала војска, поголемата победувала. Споредбава нема некоја врска, но она што сакам да го кажам е дека колку и да има работодавачи кои почтуваат работнички права, општата слика ќе биде дека не се почитуваат, бидејќи поголем дел од нив не го прават тоа. 

Останува да видиме што Владата ќе преземе за овие работодавачи и дали ќе се подигне свеста за тоа дека работниците се оние коишто им помагаат на работодавачите да го остврат својот профит, без нив би ги затвориле компаниите.

Мора да напоменам дека сум многу разочаран и за тоа што се случувало во Кочани, а поврзано со матичните лекари кои одбивале да испратат на тестирање текстилни работнички кои имале симптоми на Ковид – 19. Мислам дека ова е крајно нечовечно. Не можам да разберам зошто се постапува на овој начин, но постојат институции кои тоа треба да го потврдат. 

Колумната е дело на авторот и во ниеден случај не ги одразува официјалните ставови на порталот Работник

Бобан Илијевски