- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Ќе работиме на привлекување на нови технолошки развиени компании во ТИР зоните, порачаа Битиќи и Деспотовски

Ќе работиме на привлекување на нови - Работник
72views

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, ја одржа првата работна средба со новоименуваниот в.д. директор на Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони Јован Деспотовски, со кого разговараа за политиките на Владата за привлекување на нови реномирани странски и домашни компании да инвестираат во зоните, изградбата и уредувањето на самите зони, како и за унапредување на условите за воедење бизнис и подигнување на конкурентноста на компаниите.

Како што соопшти Кабинетот на Битиќи, вицепремиерот на средбата посочил дека очекува максимален ангажман и посветеност од Деспотовски, како и активно учество во креирање на што е можно подобри услови за работа на компаниите во зоните, односно да се продолжи со уредувањето на веќе оформените зони, да се завршат сите започнати инфраструктурни проекти, но и да се работи на привлекување на високо технолошки компании кои во земјата би донеле нови технологии, знаења и вештини и ќе создаваат производи со повисока додадена вредност.

Вицепремиерот истакнал дека треба да се одржува интензивна комуникација и со компаниите кои веќе функционираат во рамките на ТИР зоните, а за оние компании кои ги започнаа инвестициските проекти и се во фаза на градба на производствените капацитети, максимално можно да се излезе во пресрет на нивни барања во случај да се соочат со одредени предизвици во реализацијата на инвестициите.

– Привлекување на инвестиции со повисока додадена вредност во Северна Македонија ќе биде еден од четирите основни столбови на работење на Дирекцијата во следните 4 години. Ова треба да се оствари и со разгледување на измени во политиките за привлекување на инвестиции, а кои ќе се базираат на анализа што Дирекцијата ќе ја направи во следните неколку месеци. Дополнително, зголемување на платите на работниците ангажирани во големите капацитети во ТИРЗ, како и поголем влез на домашни компании во глобалните вредносните ланци ќе се стимулира со нови програми за финансиска поддршка, што ќе се иницираат наскоро. Поттикнувањето на развој на зелена и циркуларна економија и влез на приватен капитал во развојот на инфраструктурата и инвестициите се посебен сегмент на работната програма, се дел од целите на кои посочил директорот на ДТИРЗ, Јован Деспотовски, презентирајќи дел од програмата за работа.

Вицепремиерот Битиќи и Деспотовски најавиле исклучително блиска соработка, во насока на искористување на инвестициските потенцијали на земјата, за привлекување на нови реномирани компании и отворање на нови подобро платени работни места за граѓаните.

Advertisement