- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Ќе се зголеми регресот за годишен одмор за поддршка на вработените во КОВИД кризата

Од денеска започнува - Работник
13.1Kviews

Со законски измени ќе се олесни зголемувањето на износот на регресот за годишен одмор за поддршка на вработени во КОВИД кризата. Ова е одлука од 64-та седница на Владата. 

Владата вчера го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на добивка со кој се одредуваат непризнаените расходи со што се создава можност за зголемување износот на регрес за годишен одмор кој што ќе се третира како признаен расход за даночни цели, како мерка од петтиот пакет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19.

Во истата насока на олеснување на работата на компаниите во услови на КОВИД-19, со предложените измени и дополнувања се предлага како признаен расход да се признаваат и платените лабораториски тестови за КОВИД-19 што ги прават компаниите за своите вработени.