ПравдаСветот на работникот

Ампева: Не може само “репрезентативниот” синдикат и Владата да имаат ексклузивно право да носат закони

Фејсбук статус на Кристина Ампева, Претседателката на Гласен Текстилец:

Согласно Global deal потпишан од страна на Министерство за труд и социјална политика во 2017 година, од страна на министерката тогашна во труд и социјална политика, Мила Царовска, имам само да потенцирам едно. Кралството Шведска и Шведската влада во тој документ вели , социјален дијалог со СИТЕ ЗАСЕГНАТИ СТРАНИ. Тоа значи и здруженија кои од 2016 беа вклучени и излобираа за закон за минимална плата и иницирање на нов Закон за работни односи. Никаде во тој Ратификуван документ, не стои дека социјален дијалог значи синдикатот “репрезентативен” кој одговара и Влада имаат ексклузивно право да носат закони.
Документите и конвенциите не се тоалетна хартија, дами и господа. Да потсетам. Оти демократија не е изолација. А се случува.
#МТСП