Анализа: Колективното преговарање – алатка за зголемување на платите и подобрување на работните услови на работниците
Пишува: Бобан Илијевски
Колективно преговарање. Сигурно ви звучи познато, но не знаете точно што значи. Па да, многу луѓе во Македонија не знаат што значи овој термин, бидејќи малку се зборува за него. Одвреме – навреме по медиумите можеме да прочитаме дека некој синдикат склучил Колективен договор со некој работодавач… и останува на тоа. Колективните договори, меѓудругото, вклучуваат и преговарање за подобри плати и надоместоци.
Во оваа анализа ќе објасниме што е Колективно преговарање, што може да се постигне преку неговата примена и во кои видови може да се појави истото.
Пред да продолжиме понатаму, важно е да напоменам дека Македонија ги има ратификувано конвенциите на Меѓународната организација на труд (МОТ) за слободата на здружување и заштитата на правата за организирање и колективно договарање, што значи дека нивната примена во трудовото законодавство е инкорпорирана, но и веќе пракиткувана.
Што е колективно договорање?
Според економската енциклопедија Investopedia, терминот Колективно преговарање се однесува на преговори за работните услови помеѓу работодавачите и работниците. Работниците ги претставува синдикатот, додека работодавачите ги претставува организација во која се здружуваат работодавачите. Сепак, ова важи кога се преговара на национално ниво, во обид да се постигне Општ Колективен договор кој би важел на национално ниво (пример за ова се Општиот Колективен договор за приватен сектор којшто е потпишан од Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачи на Македонија и Општиот Колективен договор за јавниот сектор, потпишан од страна на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Владата). Колективните договори кои се склучени на национално ниво, важат за сите вработени, без разлика дали се членови на одреден синдикат.

Потребно е да се нагласи дека колективното преговарање може да биде и на ниво на сектор и на ниво на работодавач или компанија. Колективното преговарање на ниво на сектор е кога синдикатот преговата со работодавачите од конкретниот сектор за склучување на Колективен договор (на пр, основно образование, текстилна индустрија). Колективните договори коишто се склучуваат на ниво на сектор важат само за вработените кои се членови на синдикатот кој го склучил Договорот, додека Колективните договори на ниво на работодвач кои се склучуваат помеѓу синдикалната организација во компанијата и раководството, важат за сите вработени, без разлика на тоа дали се членови на синдикатот којшто го склучил Договорот или не.
Според „Освртот за одредувањето на платите преку колективното преговарање во Северна Македонија“, чии автори се универзитетските професори Александар Ристовски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и Марјан Петрески од Американ Колеџ, во Македонија недостигаат податоци и карактеристики на националните индустриски односи. „Оттука, постоечките податоци за стапката на покриеност со колективно преговарање и густината на синдикалното членство треба да се земат со резерва.
„Општите колективни договори покриваат 100 % од вработените, додека податоците од 2020 година покажуваат дека стапката на покриеност со Колективни договори на ниво на сектор изнесува 20,81 %. Според податоците од 2020 година, густината на синдикалното членоство се проценува на 17,29 % (2017), притоа се проектира дека ќе се зголеми на 26 %. Податоците за членувањето во организациите на работодавачи покажува дека 23,22 % членуваат во организација на работодавачи. Сепак, густината на синдикалното членство во приватниот сектор е значајно помала, споредено таа во јавниот сектор“, се вели во Освртот.
Што може да се постигне преку колективното преговарање?
Целта на колективното преговарање е да се склучи Колективен договор, во којшто ќе се утврдат платите, компензациите, работните часови и бенефитите. Значи, условите за работа. Меѓународната организација на трудот вели дека колективното преговарање е фунадаментално право на сите вработени, преку кое можат да побараат со Колективен договор да се регулираат погоренаведените права кои следуваат и според трудовата регулатива, поточно Законот за работни односи и останатите закони кои спаѓаат во истата.

Преку колективното преговарање можат и да се одредат и минималните плати во одреден сектор, а може и да се регулираат мерките за безбедност и здравје при работа.
Енциклопедијата Investopedia пишува дека сите работници имаат право да ги достават барањата до работодавачот и да можат да преговараат за истите. Според МОТ, колективното преговарање помага да се намалат нееднаквостите на работните места и да им се овоможи на работниците поголема заштита.
Колективното преговарање се одвива помеѓу членови на корпоративниот менаџмент и лидерите на синдикалната организација, кои се избрани од страна на работниците, со цел да ги претставуваат нивните интереси. Овој процес се иницира кога се обновуваат договорите или кога работодавачот прави измени на работните места или договорите. Овие измени вклучуваат, но не се ограничени на:
- Условите за вработување
- Работни услови и други правила за работните места
- Основни плати, саатници и надоместоци за прекувремена работа
- Работни часови и должина на смените
- Празници, боледување и одмори
- Бенефиции поврзани со прашања како пензионирање и здравствена заштита…
Овие прашања спаѓаат во три различни категории – задолжителни одредби, доброволни одредби и прекршочни одредби.
Задолжителните одредби се однесуваат на се што бара трудовата регулатива од работодавачот, како плати, надоместоци за прекувремена работа и заштита при работа. Доброволните одредби вклучуваат аспекти за кои може да се преговара и кои не ги бара регултивата, како проблеми во синдикатот или одлуките за членовите на Управните одбори на компанијата. Во прекршочните одредби влегуваат сите аспекти кои ја прекршуваат регулативата, како дискриминација на работните места.
Целта која се сака да се постигне преку колективното преговарање, како што наведовме и погоре, е склучување на Колективен договор. Со овој договор се вопоставуваат правилата и обврските кои важат за одреден временски период.
Investopedia напоменува дека процесот на колективно преговарање може да вклучува и штрајкови, доколку двете страни не можат да постигнат договор.

Како се одвива колективното преговарање
Колективното преговарање е процес кој може да биде доста стресен и тежок за сите вклучени страни и често вклучува отстапки и понуди.
Процесот поминува низ бројни чекори, кои вклучуваат:
- Идентификување на проблемите и подготвување на барањата
- Преговарање
- Пробен договор
- Прифаќање и ратигикување на Договорот
- Спроведување на Договорот
Постојат случаи кога вклучените страни не можат да дојдат до договор. Доколку периодот за преговарање истече и не е постигната целта, претставниците на синдикатот можат да предложат работнциите да влезат во штрајк додека не се исполнат нивните барања.
Работодавачите, од друга страна, можат да одлучат да ја затворат компанијата за работниците кои штрајкуваат, додека не се достигне прифатлив договор. Доколку се случи ова, синдикатот има право да ги убеди и вработените кои не се дел од синдикатот, да се приклучат на штрајкот. Investopedia вели дека во најгомиот број од случаите, ниедна страна не сака да дојде до примена на овие мерки, кои се сметаат за драстични и се употребуваат кога се крајно непоходни.
Видови на Колективни договори
Постојат различни видови на колективно преговарање. Всушност, колективното преговарање може да се подели во многу категории. Во прилог следуваат најпознатите видови на колективно преговарање:
Компензациски преговори
Компензациските преговори немаат ништо со компензациите. Тие се фокусираат на други проблеми, како работните услови, сигурноста на работните места и други корпоративни политики. Можат и да вклучуваат пракси за вработување и отпуштање на работници, како и одредување на дисциплинските постапки. Целта на компензациските преговори е да се постигне договор кој ќе овозможи хармоничен однос помеѓу работодавачите и нивните вработени.
Дистрибутивни преговори
Овие преговори овозможуваат финансиска „победа“ на едната страна. Служат за зголемување на бонусите, платите и другите финансиски бенефити. Дистрибутивните преговори ги фаворизираат работниците, пред работодавачите. За да може да функционира овој вид на преговори, синдикатите мора да имаат поголема моќ. Поголем број на членови значи поголема моќ. Доколку работодавачот ги одбие барањата на работниците, тие можат да прогласат штрајк.
Интегративни преговори
Секоја од страните се обидува да добие бенефит преку интегративните преговори, па поради тоа често се нарекуваат и win – win преговори. Секоја од страните ги зема во предвид позициите на другиот и ги става проблемите на маса со цел двете страни да имаат бенефит. Со овие преговори, и работниците и работодавачите добиваат, но и губат.
Преговори за продуктивноста
Овој вид на преговори се применува во врска со компензациите и продуктивноста на вработените. Лидерите на синдикатите често ги употребуваат платите и компензациите како средство за зголемуваење на продуктивноста на работнциите, што му носи поголем профит и вредност и на самиот работодвач. За да функционираат овие преговори, потребно е двете страни да се договорат за финансиските услови, со цел да се зголеми продуктивноста.
Колективното преговарање во Македонија е на ниско ниво. Ова го покажуваат и податоците од анализите и истражувањата. Тие можат да бидат од големо значање за работниците, бидејќи преку нив можат да дојдат до подобрени работнички права, а тоа пред се, значи поголеми плати и сигурни и безбедни работни места.

