Арсовски: Повратот на ДДВ од досегашните 1800 денари се зголемува на 2100 за едно тромесечие
На прес-конференција портпаролите информираа за неколку одлуки на Владата. Едната во врска со Предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица. „Со него, наместо сегашните максимални 1800 денари поврат на дел од ДДВ за едно тромесечие, највисокиот дозволен износ којшто може да се врати на едно физичко лице се зголемува на 2100 денари. Оваа измена практично донесува повеќе пари назад кај граѓаните”, информираше, меѓу другото, портпаролот Арсовски.

