Светот на работникот

Бележник за фалење – Што нашата соговорничка мисли за овој документ во кој можеме да ги бележиме нашите постигнувања?

Извадок од интервјуто со Викторија Дамчевска, Потпретседател на операции во ePeople HUB:

Бобан: Пред некој ден пишував текст за т.н. „Brag doc.“. Тоа е документ во кој вработениот ги бележи сите свои постигнувања на моменталното работно место, за подоцна да може да ги испрати до компанијата во којашто сака да аплицира. Што мислите околу ова?

Викторија: Да бидам искрена, не бев запознаена со концептот пред да го прочитам вашиот текст и ми се допадна веднаш! Оригинален, корисен и совршен за луѓе како мене, кои се скромни и на кои им е незгодно да ги излистаат сите свои постигнувања кога ќе дојде време за лично перформанс ривју. 🙂

Искрено, ми се случувало и на интервјуа да се „заглавам“ со мислата: „и сега, што да кажам за себе?“ Brag doc е како личен дневник на постигнувања, нешто на што можеш да се навратиш и за внатрешна потврда, но и како конкретен ресурс што ќе ти помогне да се претставиш автентично и самоуверено. Совршен е за луѓе кои се борат со синдром на натрапник и на кои им треба потсетување дека знаат, можат и имаат што да кажат.

Сметам дека е многу добар и вреден концепт и навистина се надевам дека ќе добие поголема популарност. Би сакала да го користат сè повеќе апликанти, бидејќи фокусот го става токму таму каде што треба да биде: на реални вештини, искуства и конкретни резултати. Тоа се работите што навистина треба да ги земе предвид секој HR менаџер или регрутер.

И јас ќе го истестирам периодов!

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk