ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Битиќи: Работниците ќе бидат дополнително платени за 60 работни часа неделно

   Време за читање 1 минута

Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања, рече дека работниците кои „Бехтел и Енка“ ќе ги ангажира за изградба на автопатите од Коридорот 8 и оној помеѓу Прилеп и Битола, ќе бидат дополнително платени доколку работат по 60 часа неделно за американско-турскиот конзорциум.

Во предло-законот кој се носи по скратена постапока а со кој директно ќе му биде доделен договорот на оваа компанија без претходен тендер предвидено е речиси да нема никакви условувања за контракторот, а во еден од членовите стои дека ангажираните работници ќе може да работат дури до 60 часа неделно.

Тој член само дава можност да се приближиме до одредени развојни стандарди кои што се употребуваат во градежништвото, а секако, нема да се дозволи нешто надвор од законските прописи кои постојат во нашата држава, одговори Битиќи на новинарско прашање за време на прес-конференцијата за новата кредитна линика „Ковид 4“.

Тој додаде дека Државниот трудов инспекторат ќе прави редовен надзор и дека никој нема да остане надвор од прописите кои важат.