Битиќи ќе ја посети компанијата „Лутекс”
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска ќе ја посети компанијата „Лутекс” во велешкото село Долно Оризари.
Битиќи ќе оствари средба со сопственикот на „Лутекс”, Маркус Туч, и ќе ги посети производствените капацитети на компанијата.

