СветСиндикат

Богата европска земја вовела оброци за едно евро за сите студенти: „Мала внатрешна револуција“

Француските студентски мензи од понделеник нудат оброци по цена од едно евро за сите студенти, без оглед на нивниот приход, во настојување да се ублажат финансиските тешкотии.

Мерката доаѓа по притисокот на студентските синдикати цената на оброкот – кој вклучува предјадење, главно јадење и десерт – да се намали од стандардните 3,30 евра на едно евро за сите, а не само за студентите со послаба имотна состојба.

Студентот од Парис, Александар Лоанидес рекол за France 24 дека новата цена значајно ќе му ги намали трошоците. „Доаѓам тука 20 пати месечно. Тоа би било околу 60 евра, а сега ќе биде 20.“

Речиси 50 % од студентите немале доволно пари за храна

Целта на мерката е да им се помогне на студентите во земја, каде според истражувањата од јануари, 48 % од нив понекогаш немаат доволно пари за храна, додека 23 % со тој проблем се соочуваат неколку пати месечно.

Програмата во 2024 година ја користеле околу 667,000 студенти, со повеќе од 46 милиони послужени оброци.

Се очекува дополнителен раст на побарувачката, а властите планираат да осигураат 120 милиони евра до 2027 година за негово финансирање.

Министерот за високо образование Фелипе Батист ја нарекол оваа мерка „мала внатрешна револуција“, со напомена дека ќе внимава да не дојде до преоптоварување и пад на квалитетот на храната.

Извор: N1