Божиновски: Со покачувањето од 78 % и плус 400 евра од Нова година за функционерите вака стојат платите
Фејсбук статус на Божидар Божиновски:
Со покачувањето од 78% и плус 400 евра од Нова година за функционерите вака стојат платите:
– Претседател и премиер: околу 3000 евра (шо и реално не би било многу да си бркаат работа ко шо треба, за одговорноста на функцијата)
– Пратеници – 2000 евра (многу за тоа што најголем дел се само таму да притиснат копче, а и најголем проблем се патните трошоци за кои некои земаат и по 10.000 евра)
Од друга страна е социјалниот пакет на владата:
– 1200 до 1500 денари за средношколци и студенти ко ваучер, пет месеци
– 1000 до 3000 денари за пензионери со плати до 17.000 денари, пет месеци

