МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

Бројката на работници кои биле ангажирани на црно на градилиштето зад Рамстор скокна од 50 на 97

   Време за читање помалку од минута

Во внатрешноста на градилиштето на турската фирма „Лимак“ кое се наоѓа зад трговскиот центар Рамстор, полицијата денеска откривала уште странски државјани кои на диво извршувале градежни работи, па пладневната бројка од 50 скокна на 97 илегални работници.

Работниците кои работеле на црно не биле ангажирани само од „Лимак“, туку уште од 15 други фирми – подизведувачи. Називите на фирмите МВР не ги соопшти, но најави дека ќе бидат поднесени соодветни пријави против сите подизведувачи.

Акцијата ја изведуваше полицијата од Регионалниот центар за гранични работи Север при БЈБ.