МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

ВИДЕО|Јавниот сектор да работи од 9 до 3, за да се заштеди електрична енергија, велат од КСС

Бобан Илијевски

Јавниот сектор да работи од 9 до 3 часот, односно да завршува два часа порано, е мерката којашто ексклузивно на прес – конференција ја соопшти Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски. Тој посочи дека дополнително можат да се состават дежурни тимови кои би работеле во дејностите каде што за тоа има потреба.


Тој се осврна и на најавите за енормно зголемување на сметките за струја, кои доаѓаат од бизнисот и од јавните комуналните претпријатија како даватели на услуги, но и од граѓаните.

Зголемувањето на сметките за струја за неколку пати го доведува во прашање работењето на јавните претпријатија, но ја доведува и во прашање одржливоста на работните места. Доколку властите во најитен можен рок не изнајдат решение за субвенционирање на струјата, во големите индустриски капацитети, а пред се и во јавните комунални претпријатија, ќе се соочиме со зголемување на цените на комуналните услуги за граѓаните и работниците, но и со губење на работни места, рече Ралповски.

Ралповски посочи и дека од ковид пандемијата до денес се изгубени 120,000 работни места, односно дека опаѓа вработеноста, додавајќи дека има намалување на невработеноста, што според него значи дека државата оди во погрешна насока, бидејќи секојдневно се повеќе луѓе ја напуштаат Македонија.

Ја повика Владата на социјален дијалог за изнаоѓање на решенија за проблемите, особено во делот на поскапувањето на струјата, но и за зачувување на работните места. Констатираше дека социјалниот дијалог во Македонија е клинички мртов, но за да се извлечеме од ситуацијата во која се наоѓаме потребно е носење на заеднички решенија

 

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk