(ВИДЕО) Арсовски: Дали Заев и Филипче илегално вакцинирале во Македонија?
Никој во Република Македонија не знае дали и колку вакцини се стигнати во државава и кој се ги добил и колку платиле луѓето за вакцинирање преку ред и со врски тие што ги добиле?, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ во Коментар на денот.
Од претходното видео можевме да видите дека дознаваме и гледаме од српската премиерка Брнабиќ дека најверојатно и сме добиле некоја бројка на одредени вакцини за вацинација, но заради немањето план, протокол, регистрација и увозот на вакцини, па така Зоран Заев и Венко Филипче поделиле и вакцинирале илегално во Република Македонија одредени луѓе. Заев и Филипе треба да им објаснат на граѓаните што значи тоа илегално носење на вакцини, веднаш да излезе комисијата за заразни болести да каже дали и колку се безбедни овие вакцини и најважното, Јавното обвинителство треба да истражи дали некој од ова профитира?, изјави Арсовски
Факт е дека вакцини за населението нема и не се знае кога ќе има. Но, уште поголем факт е што Владата и министерството за здравство не се подготвени за вакцинација на граѓаните дури и уште денес да пристигнат вакцините. Иако Венко Филипче дрско ја лажеше целата држава дека сме оценети како една од најспремните држави за складирање, примање и увоз на вакцини, на крајот испадна дека немаме ниту фрижидери за да ги чуваме вакцините доколку ги добиеме.
Неспособноста на Владата е дотолку голема да ние не знаеме кој по кој редослед ќе се вакцинира, а сеуште немаме ни регистрирано ни вакцина. Жалосно е што дознаваме од премиери на странски држави дека Зоран Заев и Венко Филипче вакцинирале илегално во Република Македонија, односно вакцинирале дали преку врски или за пари.Ова е скандал од невидени размери и поигрување со здравјето на сите болни, хронични, пензионери и ризични категории на граѓани. Нечовечноста на СДСМ, Венко Филипче и Зоран Заев излезе на површина, изјави Арсовски.
Арсовски: Нека побараат извинување од Брнабиќ, јас не се извинувам
Гледам Министерство за здравство бараат извинување од мене и колегата Антонијо Милошоски што сме објавиле изјава на српската премиерка Брнабиќ, која во една реченица ја осуети цела Влада.
Брнабиќ: Во Македонија добиле вакцини, ама не се регистрирани и практично се врши илегална вакцинација.
Еве јас сакам да ги прашам МЗ и Венко Филипче бидејќи немам намера јас да се извинам,
Дали тие побараа извинување од премиерката Брнабиќ за изјавата каде посочи дека илегално вакцинирале во Република Македонија, што всушност би значело дека лаже Брнабиќ?Ако не побарале извинување од нејзе за изјавата и не ја демантирале, тогаш би значело дека е вистина.Еве нека одговорат од Министерство за здравство и Венко Филипче.
Извор: Лидер

