(ВИДЕО) Митровски: Не дозволувате да има синдикат во приватниот сектор!
Синдикатот за угостителство и туризам како еден од ретките синдикати во приватниот сектор има првпат чест да се обрати пред јавноста. Досега не ни давате да постои синдикат во приватниот сектор, рече Претседателот на Синдикатот за угостителство и туризам Роберт Митровски на вчерашниот протест на КСС.
„Ние како синдикат за угостителство и туризам даваме целосна поддршка на КСС за овој протест и ќе го поддржиме секој нареден протест, затоа што нашата индустрија е најмногу погодена од оваа ситуација. На никого не помогнавте. Ни на работниците ни на газдите. Ние во овој момент сакаме да кажеме дека немаме ништо против газдите. Да имате доблест да им помогнете за да и ние се вратиме на своите работни места“, рече Митровски.
Тој посочи и дека е еден од синдикалните лидери којшто е избркан од работа поради синдикално делување.
Повеќе во видеото во продолжение:

