МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

(ВИДЕО) Ралповски: Поради нерамноправноста на поделбата на капиталот имаме злоупотреба на работници

Денеска сме тука да им дадеме поддршка на овие работници коишто останале без плата и без работа, токму поради манипулацијата на капиталот која се случува секојдневно во нашата држава, рече Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, на денешниот протест на вработените во Алкон Текс Штип.

„Впрочем, ние како КСС непрекинато зборуваме овие години и направивме низа протести, за да ја спречиме таа злоупотреба на трудот и злоупотребата на работникот. Тука сме денеска и да дадеме поддршка на Гласен Текстилец којшто е еден борец за работнички права и им помага на сите овие работници кои се обесправени во приватниот сектор, каде што поради нерамноправноста на поделбата на капиталот и неспроведување на еден баланс имаме злоупотреба на работникот“, рече Ралповски.

Тоа што Државниот инспекторат на труд ги поништил решенијата, истакна Ралповски потенцирајќи дека потоа е формирана нова фирма, бараме од институциите на системот коишто секојдневно ги повикуваме како Конфедерација на слободни синдикати, да излезат и да постапат по тој предмет, бидејќи Гласен Текстилец, јасно и гласно кажува преку докази дека работниците се сериозно злоупотребени.

Повеќе во видео изјавата во продолжение: