(ВИДЕО) Јовевски: Се злоупотребуваат хонорарните договори, а притоа никој не сноси правни последици за тоа
Луѓето коишто се хонорарно ангажирани не засноваат работен однос и не станува збор за вработени луѓе, туку станува збор за облигационен договор и тоа треба на сите да им бидеј јасно, вели проф. д-р Лазар Јовевски во утринската емисија на Сител, „Ја сакам Македонија“.
„Во пракса се мешаат работите и често пати ме прашуваат луѓе, вработен сум хонорарно. Одговорот е дека не си вработен, затоа што за да се вработиш треба да имаш договор за вработување и да засноваш работен однос и да ги уживаш правата и обврските“, рече Јовевски.
Вели дека хонорарното ангажирање или тн. договор на дело или авторски договор се сосема друга конотација, но во Македонија, децении наназад тој феномен постои и овој начин на ангажирање на луѓе се злоупотребува, односно наместо да се заснова работен однос, луѓето се ангажираат со овие договори и тоа е еден вид на замена за вистинскиот работен однос којшто е согласно законот за работните односи.
Истакна дека овие луѓе немаат никави права, не се здравствено и пензиски осигурани, добиваат одреден надоместок и може тој што ги ангажирал да им каже дека од утре повеќе нема потреба да доаѓа, без да има никакви правни последици за тоа.
Бобан Илијевски

