ЕкономијаМакедонијаНовости

Владата ја донесе фискалната стратегија

   Време за читање 1 минута

На предлог на Министерството за финансии вчера на 75 – та седница на Владата е донесена Фискалната стратегија на Република Северна Македонија за 2022-2024 (со изгледи до 2026).

Фискалната стратегија ги содржи среднорочните насоки и цели на фискалната политика, основните макроекономски проекции, износите за главните категории на проценети приходи и расходи, како и проекциите за буџетскиот дефицит и долгот. Фискалната стратегија e одраз на среднорочните фискални цели и стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија.

Клучни елементи на среднорочната фискална политика го претставуваат редизајнирањето на буџетската политика и фискална консолидација, кои се во насока на поддршка на макроекономската стабилност, забрзување на економскиот раст, а со тоа и зајакнување на потенцијалот за раст на домашната економија.

Редизајнирањето на буџетската политика е во тесна врска со стратегијата за економско заздравување и забрзан раст, која е составена од четири столба: (I) економско заздравување од КОВИД-19, (II) забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, (III) зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и (IV) развој на човечките ресурси и еднакви можности.