ЕкономијаМакедонијаНовости

Влада: Спречуваме ценовен шок на енергенсите со мерките за намалено ДДВ и акцизи

   Време за читање 1 минута

Во услови на светска криза и нарушувања на пазарот на храна и енергенски, донесовме сет од 26 мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и спречување на ценовен шок, велат од Владата на Република Северна Македонија.

Од Владата посочуваат дека државата има најниска цена на нафта и нафтени деривати во регионот.

-Регулаторната комисија за енергетика ја следи состојбата на дневна основа и цената се определува врз основа на методологија којашто е пропишана, во однос на цената на нафтата и нафтени деривати. Промените на цената на енергенсите на светските берзи на дневна основа се резултат на светските случувања, пред сè воената агресија врз Украина, што влијае исклучително негативно и со далекусежни последици не само врз цената на енергенсите, туку и на цената на храната и останатите основни суровини, се вели во соопштението од Владата.

Оттаму додаваат дека заедно со ресорните министерства и институции континуирано ја следат состојбата и делуваат за зачувување на општата благосостојба во услови на светска криза.