Во Тетово вo четврток ќе има протест против поскапувањето на струјата
На 31 јули, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски кажа дека електричната енергија за сите потрошувачи од идниот месец поскапува за 7,4 проценти.
Водени од бројните реакции на граѓаните по неодамнешното покачување на цената на електричната енергија за покривање на загубите на производителите, но и од реакцијата на граѓаните за неправилни услуги на енергетските компании кон нив и мотивирани да се обезбеди решение за стариот проблем кој досега не бил доволно решен, со цел да се спречат насилни и радикални реакции и однесување на одредени групи на лути граѓани, ги повикиваме граѓаните на Тетово и околните места да ни се придружат на протестот – соопштуваат од иницијативниот одбор за протестот.
Извор: Лидер

