Во УЈП одложен генералниот штрајк, но не и протестот за денеска
Синдикатот на вработените во Управата за јавни приходи донесе одлука да го одложи генералниот штрајк што беше закажан за денеска, а се должи на одложувањето на процесот на помирување, бидејќи назначениот помирувач Лазар Јовевски вчера побарал иземање. Секојдневниот протест во траење од два часа не е одложен. Во своето образложение Јовевски навел дека е во странство и дека не може да се врати во земјава во рокот од три дена за преговори со Министерството за финансии.
Вицепремиертот Фатмир Битиќи смета дека барањата на УЈП за повисока плата не се целосно во согласност со законите и најавува дека општиот Колективен договор со новата методологија, кој ќе се презентира во четврток на Економско социјалниот совет е дел од решението.

