Останато

Вработените ги „погодува“ нов синдром – се досадуваат и не гледаат поената на своето работно место

Малтене сите знаеме за терминот бурноут во деловниот свет, кој се однесува на согорување на работното место (голем напор, стрес, презаситување итн). Но, се појавил и нов израз. 

Дали сте слушнале за boreout синдром? Во прашање е „состојба“ која погодува се повеќе луѓе денес, поточно, вработените велат дека работните денови им стануваат досадни и монотони. 

Освен тоа, велат дека работниот ден е предолг, а односот со шефовите е полош од претходно. Досадата која ја чувствуваат на работното место пропратена е со демотивација, а синдромот е особено застапен кај младите. 

На основа на истражувањето кое го спровела платформата за вработување OCC Mundial во Мексико, 75 % од 700 работници рекле дека не е се задоволни од својата работа, а дури 87 % од нив констатно бараат друга работа. 

Експертот Камило Арбелаез вели дека зад boreout синдромот се крие чувство на анксиозност и потценетост и додава дека во прашање е психолошко нарушување предизвикано со „ниско ментално оптоварување на работното место“. 

Со други зборови, нема адекватни квантитативни или квалитативни работни задачи. Факторите за создавање на вакво чувство се разни, а еден од нив е и самиот физички простор. 

Работниците во главно чувствуваат дека она што го работат нема поената, поточно, не се длабоко поврзани со својата работа. Тука е и недостатокот на интелектуални предизвици, како и недостаток на шанси за напредување. 

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), Мексико е на прво место во светот по срес на работното место, а потоа следуваа Кина и САД. Според податоците на една струдија, дури 15 % од канцелариските работници ги погодува овој синдром. 

Извор: Biznis Telegraf

Фото: Freepik