СветСветот на работникот

Вработените на Макпетрол добија К-15 од 48 илјади денари

Најголемиот дистрибутер на горива го исплати регресот за годишен одмор. Вработените во  Макпетрол, за користење на годишниот одбор добија по 48 илјади денари.

Оваа информација компанијата ја сподели преку Македонска берза:

„Имајќи ја предвид посветеноста и залагањето на вработените во извршувањето на работните обврски, а по повод летните одмори, Макпетрол АД Скопје информира дека на своите вработени им исплати регрес за годишен одмор во нето износ од 48.000 денари по вработен“.