ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Газдите во најголем дел им исплатиле помала сума од предвидената на работниците

Декември беше последниот месец за исплаќање на регрес за годишен одмор попознат како К-15, но како што покажуваат податоците од мини анкетата којашто ја спроведе порталот Работник, повторно имало работодавачи кои воопшто не им исплатиле К-15 на своите вработени.

Некои им исплатиле, но им ги побарале парите назад, а некои им исплатиле помала сума од предвидената која изнесуваше 12,740 денари.

На нашите читатели им поставивме две прашања. Првото гласеше: Дали Ви исплатија К-15?

Најголемиот број од испитаниците или 60.11 % од нив одговорија дека не им бил исплатен К-15, а 39,89 % одговорија дека работодавачите ги испочитувале одредбите од Општиот Колективен договор за приватен сектор и им ја исплатиле целосната сума.

Во прилог графички приказ:

Второто прашање се однесуваше на оние на коишто не им бил исплатен К-15 и беше поставено на тој начин да дознаеме дали работодавачите им ги исплатиле парите, па ги побарале назад или пак им исплатиле помала сума од предвидената.

66.87 % од испитаниците истакнаа дека им била исплатена помала сума од предвидената и тие го сочинуваат најголемиот број, а 33,13 % одговорија дека работодавачите каде што работат се повикале на онаа добро позната пракса „исплати К-15, па барај ги парите назад“.

Во прилог графички приказ:

Во текот на анкетата, на социјалните мрежи имаше доста коментари во насока на тоа дека во одредени фирми, најчесто приватни агенции за обезбедување им биле исплатени само 100 денари К-15. Сепак, има и такви, како еден голем ланец на маркети во Гостивар, кој воопшто не им исплатил К-15 на своите вработени.

Колку за потсетување, оние коишто не земале К-15 треба тоа да го пријават во надлежната институција, во случајот тоа е Државниот Инспекторат за труд.

Фото: Canva

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk