ЕкономијаСвет

Гастарбајтер кука за трошоците: Во Германија заработуваат 6.400 евра месечно, еве колку им останува

Еден Романец во Германија откри колку вкупно заработува неговото семејство, но и трошоците: иако заработуваат 6.400 евра, на семејството едвај му остануваат 700 евра месечно.

Романец кој живее во Германија заедно со сопругата и нивните пет деца покажа колкава плата заработува и колку пари му остануваат на крајот на месецот. Тој со горчина вели дека ќе ја напушти земјата и ќе замине таму каде што неговото семејство ќе биде посреќно.

„Германија веќе не е тоа што беше“

Романецот кој работи во Германија, во видео објавено на ТикТок, детално прикажа колкава плата заработуваат тој и неговата сопруга, колку пари добиваат децата преку детски додатоци и колку им „останува во рака“ на крајот на месецот по сите трошоци.

Видеото, кое стана вирално, ја опишува реалноста низ која минуваат многу романски семејства кои заминале да работат во странство.

„Сакам да ви покажам дека ни Германија веќе не е тоа што беше пред 10–15 години. Ние сме седуммина – пет деца. Денес ги добивме платите, пристигнаа и детските додатоци. Ајде да направиме пресметка“, рече Андреј на ТикТок, додека ги редеше банкнотите една по една на масата.

Семејството вкупно заработува 6.400 евра месечно: тој заработува 2.900 евра, неговата сопруга Анџелика 2.500 евра, а децата добиваат 1.000 евра преку детски додатоци.

„Има многу пари, бидејќи работиме. Приходот е голем, но на крајот на месецот, кога сè ќе се собере и одземе, речиси ништо не останува“, вели тој.

Колку им останува на крајот на месецот

Мажот потоа ги наброја месечните трошоци: 1.100 евра за кирија за куќа од 240 квадрати со двор и гаража, 350 евра за струја, 100 евра за осигурување на автомобил, 450 евра рата за автомобил, 200 евра за интернет и телефон, 500 евра за храна на децата во градинка и училиште, 1.500 евра за намирници, 100 евра за вода, 250 евра за цигари, 300 евра за небенкостен (помошни трошоци и комуналии), 360 евра месечна рата за кредит, 300 евра за гориво и 200 евра џепарлак за децата.

„Останаа уште 700 евра. Тие пари исчезнуваат за миг… Практично, дојдовме во Германија да работиме само за да преживееме. Затоа наскоро ќе мора да ја напуштиме оваа земја и да одиме таму каде што работиме за да бидеме среќни. Овде не си среќен, залудно заработуваш толку многу“, рече тој со горчина.

Видеото го погледнале повеќе од 3,5 милиони луѓе, а собра над 4.000 коментари.

„Барем таму имаш што да броиш и од што да одземаш, во Романија со пет деца си готов со тамошните плати“, напиша еден корисник, додека друг му порача:

„Точно, но таму ништо не ти недостасува и можеш пристојно да живееш. Овде, во Романија, човек со минималец од 2.500 леи – како да преживее?“

Имаше и такви кои тврдеа дека успеваат да заштедат и во Романија:

„Јас живеам во Романија. Немам никакви кредити. Семејниот приход е околу 10.000 леи месечно и сепак успевам да заштедам 4.000.“

@totulpentrufamilie

Ne gândim să părăsim Germania 🇩🇪

♬ sunet original – Habean Andrei

Извор: b92.net