Гиевски за СТУДИО 10: Надлежните произведуваат демотивирани наставници кои се изложени на притисоци
Работник кој е демотивиран и на работа доаѓа само за да се појави не е добар работник, вели Гиевски.
Тој додава дека платите на наставниците се ниски, а Владата го одбегнува колективниот договор па оттука платата на наставниците е под републичкиот просек. Тоа предизвикува револт, а некои вработени се навлезени во целосна апатија. Следен проблем што го наведува Гиевски е партизацијата. Партиите и нивни членови вршат притисоци за нивните деца. – До тој степен се имаат изгубено вредностите, вели Гиевски.
– Наставникот не смее да има суета и треба да се справува со проблемите со учениците на соодветен начин. Има и глоба за родители кои го нарушуваат авторитетот на наставникот, вели Гиевски.
Овие генерации се многу поразлични од порано. Се има впечаток дека недостасува воспитната компонента. Кај нас е изгубена културата кај учениците поради модерното општество. Учениците гледаат дека не станал најуспешен некој кој завршил неколку факултети туку некој кој се снашол, и така се губат вредности, вели Гиевски.
-За учениците е попоуларен некој кој има ајфон отколку некој кој добил врвна награда по математика, вели Гиевски.
За тоа како наставниците ќе го вратат авторитетот Гиевски вели дека прво треба да се одврзат рацете на наставниците. Тој вели дека некои наставници се соочуваат со уцени, закани и различни убедувачки разговори.
-Ако наставникот пет години чека решение за работа, тој во меѓувреме ќе загуби и надеж и мотивација, вели Гиевски.

