ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

“Гласен Текстилец” предложи мерки за справување со ценовниот шок

Фејсбук статус на “Гласен Текстилец”:

🗣Денес Здружението Гласен Текстилец Штип по анализа на ситуацијата во изминатиот период во однос на значително покачување на цените на прехрабените продукти и зголемување на цената на електричната енергија, испрати допис до Министерството за економија, Министерство за труд и социјална политика и Собранието на Република Северна Македонија до пратеничките групи со предлог да бидат донесени следните економски мерки:

✅Зголемување на минималната плата на 18.000 денари ;

✅Замрзнување на цените на прехрабените продукти особено на основните намирници и да не се покачува цената на електричната енергија ;

✅Да се направат и соодветни измени на Законот за додадена вредност со кое би се намалило плаќањето на ДДВ за физички и правни лица.

✅Донесување на пакети со ваучери од страна на МТСП за електрична енергија и прехрабени продукти до социјални загрозени семејства и лицата чиј личен доход не надминува над просечна плата утврдена согласно Законот;

📝Бараме институциите ажурно и темелно да ги анализираат овие предлог економски мерки предложени од страна на Здружението, бидејќи се доведува прашањето за егзистенција на многу фамилии и индивидуи во државата со неможност да си допуштат да ги набават основните намирници и да ја платат цената на електричната енергија.