ЕкономијаМакедонијаНовости

Градежната оператива извршила за 52,3 отсто повеќе градежни работи во странство од лани

   Време за читање помалку од минута

Македонската градежна оператива во првите шест месеци од годинава договорила градежни работи во странство во вредност од 144,863 милиони денари, што е за 17,6 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во наведениот период, градежната оператива во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 74,588 милиони денари, што е за 52,3 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година.