ЗанимливостиСветот на работникот

Грешки кои многумина ги прават во разговорот со своите колеги: Избегнувајте ги овие 7 потези

Подготвил: Бобан Илијевски

Воопшто нека не ве чуди тоа што сте нервозни пред колегите, кога започнувате да работите во нова компанија. Сепак, треба да знаете дека колку и да не сте воодушевени со идејата дека повторно треба да водите кратки и незадолжителни муабети, вашите колеги, мислењето за вас го градат токму овие кратки разговори.

Порталот Бизнис Телеграф пишува дека доколку сакате вашите комуникациски вештини да напредуваат, како и да изградите нормален однос со колегите, потребно е да не ги избегнувате кратките разговори, притоа препорачува дека треба да ги избегнувате овие 7 грешки при комуницирањето.

  1. Мислите дека никој нема да зборува со вас?

Доколку по природа сте срамежливи, тоа е во ред. Меѓутоа, бидете свесни дека не сте единствените. Во случај да стравувате дека нема да делувате природно и одлучно, знајте дека тоа не е поентата на деловната комуникација. Целта е да и вие на колегите да им се најдете на услуга.

По повеќемесечна изолираност поради пандемијата со коронавирусот има голема можност и колегата кој е до вас да стравува да започне разговор, па би било добро да преземете иницијатива. Тоа може да ви биде плус.

  1. Не ги прекинувајте луѓето кога разговараат

Тајмингот е клучот на успехот. Доколку видите дека некои од вашите колеги разговараат, не е време да влезете во разговорот и го прекинете. Наместо тоа застанете на страна и почекајте соговорниците накратко да замолчат и тогаш обидете се да го добиете нивното внимание, но дискретно.

Почекајте да добиете сигнал дека ве забележале, како кимање со глава, и дури потоа пријдете поблиску. Избегнувајте гласно довикување и дофрлање, за да го пренасочите вниманието кон вас.

  1. Доколку немате што да кажете, не започнувајте разговор

Доколку забележите дека некој колега е повлечен и замислен, не е препорачливо да му „чепкате“ во личниот простор и по секоја цена да започнете разговор.

Доколку навистина е неопходно да го направите тоа, немојте да го започнувате разговорот со ненајавено „здраво“. Наместо тоа, прашајте го дали може да издвои минута за вас, а потоа кажете му го тоа што сакате, но без премногу објаснување. Бидете кратки и јасни.

  1. Внимателно бирајте ги темите

Доколку сте нови во компанијата, започнете разговор со некој кој е нов или пак не сте имале прилика добро да се запознаете и избегнувајте сериозни теми. Со колегите од работа кои не ги познавате не е добро да започнете разговор за политика или да му ги изнесувате вашите ставови за абортусот.

Доколку некогаш доволно станете блиски, за да можете да разговарате на тие теми, тогаш е во ред и е добро за вас. Сепак, на почетокот попаметно е да ги избегнувате, за да случајно не бидете погрешно сфатени.

  1. Важно е да Ве разберат

Еднаш кога ќе воспоставите комуникација, потрудете се колегите во секој момент да ве разберат. Доколку во вашата компанија има и странци и со нив разговарате на странски јазик, гледајте да вашите одговори не бидат премногу опширни, за да би можеле полесно да ве разберат.

  1. Прескокнете ги фалењето и озборувањето

Некој би рекол дека луѓето кои сакаат да откриваат информации за себе или да се запрашуваат за другите, се одлични соговорници. Меѓутоа, во деловниот свет тоа не е така. Во комуникацијата со колегите, никако не смеете да озборувате други колеги, ниту да се фалите себеси.

Бидете свесни дека никој не сака да биде испитуван, дури ни вие, така да, доколку налетате на ѕид веднаш на првото прашање, немојте понатаму да инсистирате. Доколку некој ви се повери, гледајте тоа да го задржите за себе, особено ако не сте сигурно во информацијата која лицето ви ја пренел.

  1. Не трошете ничие време

Доколку разговарате со некого, гледајте го тоа лице во очи. Немојте да гледате наоколу или преку рамената на соговорникот додека зборувате. Исто така, многу е непристојно да го чепкате телефонот додека некој нешто ви објаснува или вие му зборувате на некого. Доколку сакате колегите да ве почитуваат, потрудете се да го имаат вашето целосно внимание во тие неколку минути.

Извор: Biznis Telegraf

Фото: Pixbay