Останато

Дали некогаш сте виделе ваков оглас за работа во медиум?

Основачот на еден од најпознатите хрватски портали Индекс, Матија Бабиќ на својот Фејсбук профил објавил несекојдневен оглас за работа за новинари.

Сте завршиле факултет за општествени науки и не знаете што понатаму во животот? Или не сте го завршиле, бидејќи знаете дека хрватските факултети се очај, а убаво пишувате и сте начитани? Но проблем, неискуството не е срамота, често е и плус бидејќи очајните медиуми не ве претвориле во очајни новинари. Или, сте работеле во тие второлигашки медиуми и мислите дека сте подготвени за Индекс?, започнува огласот за работа на Бабиќ, по што додава:

Немате пари да го однесете друштвото на пијалак, а стиснатите работодавачи очекуваат да работите за џабе додека стекнувате искуство? Размуслувате да испратите се во прекрасниот к и да одете во Ирска да работите како келнер?

Посочува дека тревата во Ирска е позелена, но „можеби имам ок понуда со која останувате каде што ви е друштвото, плус веднаш добивате пари за да ги однесете на пијалак.

665 евра ако бидете избрани, бидејќи „секој не е за Индекс“

Во следниот параграф, Бабиќ наведува што се му нуди Индекс на оној кој ќе ја добие работата.

5,000 куни (665 евра) бонус однапред штом те ангажираме. Тоа нема врска со платата. Таа сума ја добиваш и правиш со неа што сакаш. Ти ја даваме во знак на благодарност затоа што си човек за Индекс, а не е секој чове за Индекс“, наведува тој.

Понатаму додава дека се нуди плата која постојано расте, како и бонуси, зависно од постигнатите резулатати.

Платата која ја нудиме мора да биде подобра од другите места, ако толку вредиш, бидејќи знаеме дека заминеш од нас.

Огласот завршил со реченицата дека сите кои ќе ги испочитуваат условите, ќе бидат испочитувани.

Сите кои ќе не испочитувате нас, и ние ќе го направиме истото и ќе ви се јавиме за следните чекори или барем „фала многу, не е тоа за нас“.

Целиот оглас можете да го прочитате на неговиот Фејсбук профил.

Извор: BIZLife

Фото: Screenshot