СветСветот на работникот

Дали сте слушнале за „работа по час“? – Во светот е прилично популарна

Моделот на работење по час кој веќе со години е присутен во развиените економии и кој одлично функционира во САД, пополека свое место добива и на српскиот пазар на труд.

Овој концепт отвора нови можности за работодавачите во трговијата и угосистелството, но и за работниците кои сакаат поголема флексибилност и дополнителен приход. Прашањето е – може ли Србија во потполност да го прифати овој модел и какви промени носи?

Според Милош Турински, портпарол на Инфостуд, во Србија засега не постои законска рамка која тоа го регулира и најблизок модел до него е хорнорарната работа, која не подразбира договор за вработување.

„Кај нас работодавачите, секако, ангажираат хонорарни работници, но тоа е обично договор кој предвидува да работат, на пр., 4 часа дневно, секој ден“, објаснил Турински.

Освен тоа, постојат работни места кои се плаќаат по час и тоа е обично во договорот помеѓу работодавачот и работникот. Работниците се свесни дека правно и законски не се заштитени како „стандардните работници“.

„Под тој вид, условно кажано“, спаѓа чувањето деца, давањето часови од, на пример, англиски јазик и математика… Исто така, хигиеничарите се ангажирани по час. И сезонските работи, како берењето овошје се во таа категорија, па се до ангажирањето на програмер за правење на веб страни и слични услуги или хостеси“, рекол Турински за Бизпортал.рс.

Што се однесува на светската пракса, работењето по час подразбира работодвачите да ангажираат работници само за оние термини кога тоа им е потребно – на пример, за време на шпицевите во рестораните, викенд смени во малопродажба или сезонски настани. Работниците се пријавуваат за слободните смени по пат на апликации или база на податоци, а заработката се пресметува според бројот на одработени часови.

Во Соединетите Американски Држави и западна Европа, работата по час е стандард во угостителството и малопродажбата. Платформите како Гигпро или Инставорк ги поврзуваат работниците со работодавачите во реално време, додека во земјите како Германија и Холандија воведени се минимални часовни износи, со што се заштитува сигурноста на работниците.

Турински вели дека во САД постои апликацијата Хајерап, која многу добро функционира и ги поврзува работодавачите со работната сила која им е потребна.

„Апликацијата ја направија луѓе од Србија, кои се обидоа да ја покренат тука, но не помина добро. Потоа им ја понудија на Американците и таму помина“, рекол Турински.

Зошто „работата по час“ им е привлечна на работодавачите?

За компаниите, работата по час значи оптимизиација на трошоците. Наместо да вработат голем број луѓе на полно работно време, многумина ангажираат кадар само кога тоа е неопходно. Ова, особено, им одговара на трговските ланци во текот на празничните сезони и угостителските објекти во време на туристичките шпицови.

За студентите, младите или оние кои сакаат дополнителен приход, работата по час овозможува флексибилност и можност самите да бираат што ќе работат. Меѓутоа, без јасна законска регулатива, овој модел може да значи и несигурност – од непредвидливи смени до намалување на социјалните права.

Извор: Bizportal.rs