Денар: Само статистичарите знаат каде се намалени цените на производите!
Државните статистичари пресметале дека во јануари годинава во споредба со последниот месец од ланската година има намалување на трошоците на живот за 0,3 отсто. Последниот објавен извештај на Државниот завод за статистика покажува дека граѓаните имаат намалени трошоци за подмирување на сметките, поевтини биле обувките, одењето на културни настани, а се намалиле и трошоците за транспорт. Експертите предупредуваат да се внимава и да се носат мерки кои нема да направат нов ценовен шок.
Во јануари прехранбените производи не поскапеле, туку цените им останале на истото ниво како и во декември 2023 година. Ова е податок кој може да се види во извештајот на ДЗС. Речиси на исто ниво се и трошоците за здравствени услуги, образование, а нема промена ниту во угостителските услуги – во хотелите и рестораните.
Повеќе на Денар

