ПравдаСветот на работникот

ДИТ: 140 вработени се враќаат на нивните работни места

Државниот инспекторат за труд, во насока на заштита на работничките права, реализираше вкупно 437 контроли при што е поднесена една кривична пријава, донесени се 10 решенија и 28 укажувања за работодавачите кои не постапиле по препораките на Владата.

„Во овие вонредни услови со цел да гарантираме максимално почитување на мерките и препораките од Владата инспекциите работат на терен со полн капацитет. Тука сакам да истакнам дека Државниот инспекторат за труд веќе има издадено 37 решенија, за 28 фирми со што на работа се враќаат 140 вработени кои неправично добиле откази. Им благодарам на сите инспекторати, кои својата работа ја извршуваат со полна професионалност. Контролите продолжуваат, будно ја следиме состојбата и секое прекршување на правата на граѓаните ќе биде санкционирано“, нагласи директорот на Државниот инспекторат за труд, Хавзиу.