Светот на работникот

Еве зошто на шефовите им се потребни интровертни вработени: Ги красат овие 4 вештини

Да бидеш зборлива личност во просторијата може да биде добар начин да го привлечеш вниманието на луѓето, но тоа не мора да значи дека ги имаш и најдобрите идеи.

Како невро-научник, Фридерика Фабритиус работела со големи компании како што се Гугл и Делојт – на тоа како да привлечат и задржат врвни таленти.

„Открив дека работодавачите имаат тенденција да ги фаворизираат екстровертните лица. Но, постојат некои изненадувачки предности кои ги носат интровертите „на масата“ и не треба да се занемарат, вели таа.

Интровертите мислат повеќе

Сивата мозочна маса служи за обработка и ослободување на нови информации во мозокот. Една студија од Харвард открила дека мозокот на интроверните лица работи поинаку и дека има подебела сива маса во споредба со екстровертните лица.

Кај оние кои се изразено екстровертни, сивата маса е константно тенка, па така интровертите (вработени) покажале повеќе активност во фронталните лобуси, каде се одвива анализата и рационалното размислување.

Друга студија која го скенирала мозокот и на интроверти и на екстроверти, открила дека, дури и во опуштена состојба, мозокот на интровертите бил поактивен, со зголемен проток на крв.

Интровертите можат подолго да се фокусираат

Кога Алберт Ајнштајн – познатиот интроверт – бил дете, неговите учители мислеле дека е тивок осаменик, „изгубен во своите мисли“. Ајнштајн рекол: „Подолго се задржувам на проблемите“.

Оваа способност на интензивно фокусирање е клучна карактеристика на интровертите кои често имаат поширок фокус од екстровертните луѓе. Бидејќи уживаат да го поминуваат времето сами, повеќе се подготвени да вложуваат часови неопходни за совладување на вештини.

Интровертите често се „надарени“ за одредена област

Во просек, интровертите и екстровертите се исти во смисла на интелигенцијата. Но, статистиката покажува дека околу 70 % од талентираните луѓе се интроверти.

Според некоја воспоставена дефиниција, велиме дека е талентиран оној кој покажува натпросечна интелигенција или супериорен талент за нешто, како што се музиката, уметноста или математиката.

Ако на вашето работно место доминираат екстровертите кои ги критикуваат оние кои повеќе сакаат да работат сами – или ги прескокнуваат коктелите после работа – гледајќи ги како „не-тимски играчи“, може дополнително да ги отуѓи талентираните луѓе.

Интровертите ја прават вистинската работа

Интровертите имаат тенденција да бидат помалку под влијание на надворешните настани и се повеќе водени од својот внатрешен морален компас. Студијата за општествен комформизам од 2013 година, покажала дека екстровертите се подготвени да го усогласат мислењето со мнозинството, дури и да е тоа погрешно.

Таквите лица, почесто од интровертните, подлежат на општествен притисок, а истражувачите заклучиле: „Што е поголем притисокот, толку повеќе екстровертите даваат одговори кои одговараат“.

Извор: Telegraf Biznis.rs

Фото: Shutterstock