МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Административците во МАНУ на штрајк: Со отворање на Законот за МАНУ можат да се зголемат платите

Вработените во Секретаријатот и стручните единици на Македонската академија на науки и уметности (МАНУ), кои од вчера стапија во штрајк за поголеми плати, велат дека само со отворање на Законот за МАНУ може да се реши нивниот проблем.

Овој синдикат ги вклучува вработените во Секретаријатот и стручните единици на МАНУ – стручните, административните и техничките вработени. Овој синдикат не ги опфаќа стручните соработници во истражувачките центри на МАНУ, коишто се друга категорија вработени, и исто така се вметнати во Законот за МАНУ и за нив во Законот е предвиден и колективен договор. Во Законот за МАНУ за нас не е предвиден колективен договор, при што пет, шест и повеќе години можеби, многу колеги во МАНУ се уште немаат одобрување од Министерството за финансии за унапредување во звање, што законски им следува, со стажот, а тоа воопшто не е проблем за унапредување во звање за научните соработници кои редовно ги добиваат тие согласности за унапредување во звање од Министерството, вели Гоце Алексоски, советник за меѓународна соработка во МАНУ.

Повеќе на Слободен Печат