ПравдаСветот на работникот

Забелешки за проектот: “Недела како неработен ден”

Фејсбук статус на Претседателот на Движењето за социјална правда “Обединети Работници”, Бобан Кочовски, во кој тој дава забелешки за законското решение недела неработен ден:

Не им се прави услуга на работниците со проектот ,,Недела – неработен ден”, напротив, ќе им се нанесе огромна долгорочна штета.

Пред да ме нападнете дека сум против тоа работниците да имаат слободен ден, прочитајте ги овие кратки забелешки, па проценете дали е во интерес на работникот или е само политичка манипулација целава фама и галама.

1.Законскиот текст не предвидува неработење во денот недела, туку предвидува поголема дневница!

2.Дел од профитот на работодавачите остварен во тој ден ќе се префрла во Буџетот на РМ, а тоа значи дека оваа “загуба” ќе се надоместува од грбот на работникот!

3.Работодавачите ќе се насочат кон фалсификати на договорите за вработување, односно ќе пуштаат во оптек фалсификувани анекси на основниот договор каде што на работниците ќе им биде намалена ОСНОВИЦАТА на платата, па де јуре иако ќе бидат по платени за работење во денот недела, де факто ќе добиваат иста плата на крајот од месецот!

4.Помала основица значи помала ПЕНЗИЈА!

5.Недела како ден е сосема ирелевантно дали е работен или неработен се додека не се предвиди изричито 5 дневна работна недела, односно 2 дена одмор во текот на неделата. На овој начин фокусот се става на 1 ден како неработен, наместо 2 како што треба да биде во пракса.

Дали сеуште мислите дека работниците ќе добијат повеќе отколку што ќе изгубат, или конечно гледате дека “проектот” е осуден на пропаст уште во самите негови корени, а за тоа никој ништо не зборува?!