Заев: Нема ништо спорно во назначувањето на новиот директор на МЕПСО
Во врска во вчерашната изјава на претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска дека постои судир на интереси во назначувањето на Куштрим Рамадани за нов директор на МЕПСО, премиерот Зоран Заев вели дека според него нема ништо спорно во тоа.
За МЕПСО ниту член 47, ниту член 48 од Законот за антикорупција дава ограничување на еден ваков експерт кој од регулаторна комисија е поставен за директор. Таму се вели ако регулаторна е контролно тело. Контролно тело на МЕПСО е надзорниот одбор, па Државниот завод за ревизија. Јас бев на состанок со ДКСК образложувајќи ги 47 и 48. Влеговме и во матичниот Закон за енергетика и апсолутно тврдам дека нема никакви ограничувања, рече Заев за емисијата „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

